КЕКЕНОВСКИ: Мислам дека и Грците ќе мора да отстапат од оној тврд или крут став кој го имаат по однос на сите седум прашања
Според универзитетскиот професор, Јове Кекеновски европските институции вршат притисок за побрзо решавање на спорот со името и тоа до јуни, Македонија да стане членка на НАТО и да добие покана за почеток на преговорите со Европската Унија.
Кекеновски посочува дека потребно е грчката страна да направи одредени отстапки во однос на седумте позиции во преговорите и дека Македонија не смее да попушти во однос на својот идентитет и јазикот на македонскиот народ.
„Се врши сериозен притисок, да се најде некој компромис. Очигледно дека ако се најде компромис, сигурно дека во тој компромис не треба да има поразени и победени. Мислам дека и Грците ќе мора да отстапат од оној тврд или крут став кој го имаат по однос на сите седум прашања“, вели Кекеновски за ТВ21.
