Кекеновски: Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имале исти морални вредности и капацитети, коалиција уште не е раскината
По синоќешното сценарио со исклучени мигрофони и орекинот на седницата од страна на споикерот Талат Фаџери, со што заврши рокот на полноќ за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи, а професорот Јове Кекеновски вели дека за ова се виновни поранешните коалициски односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои не се, како што вели, целосно прекинати.
„Секоја политичка коалиција си има своја цел и цена. По извесен период истата се распаѓа, а поради променетите околности се создаваат нови коалиции и пријателства, меѓутоа поранешните односи и релации никогаш во целост не се прекинуваат.
Ова особено доаѓа до израз кога на чело на коалиците кои се распаднале биле лидери со исти или слични морални вредности и интелектуални капацитети.
Во таков случај соработката и потребата од пружање на ,,нужна” помош продолжува ефикасно, но тајно и далеку од очите на јавноста“, напиша фракционерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил.
Никому не му беше јасно зошто Џафери дозволи да биде пробиен рокот и да не ја стави на гласање точката за одземање на имунитетот на Вељаноски.
Некои од пратенциите од СДСМ викаа „Да живее коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, таа е жива и ќе живее. Срамота и брука е ова што се случи“. Остана мистерија што беше причината Џафери да допушти да истече рокот и Вељаноски да се спаси.
