Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кекеновски: Конгресот е нелегален, ова е почеток на крајот на ВМРО-ДПМНЕ

Кекеновски: Конгресот е нелегален, ова е почеток на крајот на ВМРО-ДПМНЕ

Професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека во ВМРО-ДПМНЕ нема единство. 

Тој рече дека луѓето во партијата биле единствени поради интереси, но откако се поматија сметките според него дојде до израз фиктивното единство. 

„Се работи за еден нелегален конгрес кој не е закажан согласно статутот. Овој конгрес наместо да биде обединувачки, сепак укажува дека се работи за ретроградни луѓе кои сакаат во иднина да ја користат партијата и членството како топовско место“ - вели Кекеновски. 

Според Кекеновски, ова е почеток на крајот на ВМРО-ДПМНЕ и некои луѓе ќе мора да се соочат со правдата. 

Самоил Малчески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека она што се случува му остава впечаток дека има задкулисни игри. 

Малчески додава дека луѓето од ВМРО-ДПМНЕ сега имаат различни интереси и затоа партијата е доведена во лоша состојба. 

Тој смета дека судот конгресот ќе го прогласи за нелегитимен. 

„Конгресот се случува во многу мрачна атмосфера и многу на брзина. Мене впечатокот ми е дека Груевски воопшто нема намера да се повлече како што вели дека ќе ја остави партијата“- рече Малчески. 

Тој смета дека Груевски сака да го постави Христијан Мицкоски за лидер за да утре му должи услуга и да мора да го слуша. 

Слично

Поврзани вести