КЕКЕНОВСКИ БАРА ОЈО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ГРУЕВСКИ ДЕКА ЗАЕВ ИЗНЕЛ ПАРИ ОД МАКЕДОНИЈА СО ПРИВАТЕН АВИОН: „Се надевам ЈО нема да биде глуво и слепо“
Професорот Јове Кекеновски вели дека Јавното обвинителство треба да отвори истрага, по обвинувањата на екс премиерот Никола Груевски, дека Зоран Заев изнел пари од државата во Дубаи со приватен авион.
„По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнесол огрома сума на пари од Македонија со приватен авион и истите ги ставил на банкарска сметка во Дубаи, на потег е ЈО кое итно мора да отвори истрага за овие тврдења.
Се надевам дека ЈО нема да биде ниту глуво, ниту слепо (како многу пати досега) туку сериозно ќе се зафати со истрага на овие тврдења“, напиша тој на социјалните мрежи.

Слично
