Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КЕЦАРОШЧИЊА, САМО ГОЛЕМ БРОЈ ГЛУПИ ГРАЃАНИ МОЖЕ ОДНОВО И ОДНОВО ДА ВЕ БИРААТ“: Најчевска реагира за првиот закон што новата влада ќе го донесе по скратена постапка

„КЕЦАРОШЧИЊА, САМО ГОЛЕМ БРОЈ ГЛУПИ ГРАЃАНИ МОЖЕ ОДНОВО И ОДНОВО ДА ВЕ БИРААТ“: Најчевска реагира за првиот закон што новата влада ќе го донесе по скратена постапка

Со неколку фејсбук статуси, професорката Мирјана Најчевска реагира за формирањео на новото министерство што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Граѓаните бараа помала администрација и помалку трошоци за функционери и нивната пропратна свита (кафекувари, секретари, возачи, обезбедување, ...)

Добиваат поголем број министри со пропратната свита и повеќе администрација.

ЕУ ни вели не треба да носите закони по скратена постапка.

Првиот закон на новата влада по скратена постапка.

Велат научиле лекции.

Кецарошчиња, само голем број глупи граѓани може одново и одново да ве бираат“, напиша таа.


Таа исто така додаде дека „на партиските состаноци на сите нивоа во сите партии единствено нешто што се муабети е кој каде и колку души ќе вработи и чиј бизнис ќе биде поддржан со парите на граѓаните.

НИШТО ДРУГО.

Само за тоа доаѓаат на власт,

ЗА НИШТО ДРУГО.

Тоа само знаат.

НИШТО ДРУГО“, во друг статус напиша таа.




Слично

Поврзани вести