Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КАЗВАЈ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ“: Доктор Беќаровски „стана“ Македонов и го прашува Стојанов каде ќе најде 400 милиони евра?

„КАЗВАЈ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ“: Доктор Беќаровски „стана“ Македонов и го прашува Стојанов каде ќе најде 400 милиони евра?

По безобразната провокација која денеска ја упати бугаринот Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, со која на македонските граѓани им нуди по 300 евра ако го променат презимето и тоа им завршува на „ов“ или „ев“, со реакции покрај граѓаните се јавија и наши истакнати критичари. 

Попладнево преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи доктор Нико Беќаровски, кој во свој стил на провокацијата врати со провокација: „Казвај каде се парите“. 

- Ако сите милион и кусур Македонци, решиме да се презиваме Македонов и Македонова, од каде ќе најде господинов 400 милиони € ???

Бате Гане, срдечен поздрав од

Нико Македонов Беќаровски,

ами сега казвај каде се парите - напиша Беќаровски на својот профил. 


Неговата објава за кратко време собра голем број коментари од наши сограѓани: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести