Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

Пораките за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите на системот „Сејф сити“ (Safe City) наместо до институциите, завршуваат кај лизинг-компаниите од кои Владата ги набавила службените возила. Проблемот го откри директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, кој во гостување на „Сител“ објасни дека ситуацијата се појавила по воведувањето на новите црвени регистарски таблички.

Според Томовски, табличките биле претходно тестирани преку системот „Сејф сити“, по што започнала нивната изработка. Но, при практичната примена се покажало дека прекршочните известувања стигнуваат до лизинг-компаниите како формални сопственици на возилата, а потоа тие ги препраќаат казните до СОЗР.

-Ние точно знаеме кој ги должи, а таму каде што не знаеме кој ги должи, имаме раководител на Сектор за возниот парк и целосно е негова одговорноста. Имаше дебата за измена на Законот, треба да почнат да плаќаат возачите - тој што го направил прекршокот, а не како досега, дел да плаќа лицето, а поголем дел компанијата, независно дали е државна или приватна, истакна Томовски.

На прашањето дали ќе се воведе ГПС-систем во службените возила, одговори дека ќе се причека да се види какви резултати ќе покаже „Сејф сити“.

-Ќе видиме дали ќе има воопшто потреба, иако јас лично сметам дека ќе има потреба, а годинава планираме да почне постапката, нагласи Томовски.


Слично

Поврзани вести