Казни за лекарите кои си препишувале и по 100 рецепти за себе
Близу 100 матични лекари направиле злоупотреба и самите на себе си препишувале просечно по 72 рецепти на годишно ниво.
Токму овие реакции и дискусии во јавноста, се повод Управата за електронски евиденции во здравството да направи системска мерка со која на оние доктори кои го злопотребиле системот ќе им оневозможат а си креираат упати и рецепти самите на себе како матични пациенти.
Реакцијата да бидат казнети само поединци беше аргуметирана и прифатена од Управата затоа нема да бидат казнети и оние кои совесно ја вршеле својата дејност.
Управата констатирала дека еден гинеколог си препишал самиот на себе 182 рецепти за една година, од кои 45 се антибиотици при што се злоупотребил системот и директно се оштетil и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, но и пациентите.
„Доколку некој нереално си препишува антибиотици или било кои други лекови и ги подигнува на товар на ФЗОМ, а тие лекови реално не му се потребни, тогаш некој кому тие лекови му се потребни ќе остане без неопходната терапија“, велат од Управата преку соопштение.
