КАЗНИ И ДО 2.000 ЕВРА: Од 1 јули ќе има целосна забрана за движење во шума
Од 1 јули до 31 август ќе има целосна забрана за движење во шума.
Како што информираат од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, оваа одлука е донесена со согласност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите.
Од забраната се изземени:
вработените во ЈП „Национални шуми“ и нивните подружници,
службеници од МВР, Министерството за одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување,
Државниот инспекторат за шумарство и ловство,
субјектите кои вршат шумскостопански активности (сеча, дотур и транспорт на дрва),
ловочуварски служби и овластени лица од корисниците на дивеч во ловиштата,
и сите лица со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“.
Парични казни за прекршување
Секое нелегално присуство во шума ќе се санкционира со глоба од 1.500 до 2.000 евра, во согласност со член 106 од Законот за шумите.
Контролата и спроведувањето на забраната ќе ја вршат вработените на ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, МВР и Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Во последниве неколку години во Македонија имаше големи шумски пожари кои направија пустош.
foto freepik.com
