Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казнет гостиварецот кој со БМВ возеше на Камени мост

Казнет гостиварецот кој со БМВ возеше на Камени мост

Гостиварецот кој беше објавен на социјалните мрежи изминатиот викенд како вози преку Камениот мост во Скопје е казнет од полицијата, соопшти МВР.

Во саботата на социјалните мрежи се прошири фотографија од гостиварец кој со своето возило минува по Камен мост во центарот на Скопје.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола“, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести