Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казна од 88 илјади евра за фрлен отпад во Вардариште

Казна од 88 илјади евра за фрлен отпад во Вардариште

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје изрече казна од 88.000 евра за затекнати лица кои нелегално исфрлиле отпад во Вардариште.
Со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад, информира Град Скопје.

„Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“, гласи соопштението.


Слично

Поврзани вести