Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казна од 500 евра за гласна музика за 6 локали во Општина Центар

Казна од 500 евра за гласна музика за 6 локали во Општина Центар

По жалба од страна на граѓаните за бучава од гласна музика, општина Центар спроведе инспекциски надзор во угостителски објекти. 

Вчера во ноќните часови инспекцијата на општина Центар изврши надзор во 6 локали.  Дел од нив кои се лоцирани на улиците„Ленинова„ и „Пиринска“ се Бастион, Локал 45, Џуси бар и Радио Бар, како и Колектив Бар на Плоштад „Македонија“ и Нола бар во Капиштец. По извршените мерења од овластена лабораторија за животна средина, добиени се извештаи за надминување на дозволеното ниво на бучава. 

Согласно Законот за заштита од бучава, на објектите им се доставуваат платни налози за глоба за сторен прекршок во висина на одмерената сума согласно Законот за прекршоци.

На четири од локалите им е одмерена глоба во вредност од 300 – 500 евра. Доколку глобата се плати во рок од 8 дена вредноста се намалува за половина. За два од објектите, постапката е во тек, бидејќи се чека да поднесат годишни сметки според кои ќе се одмери казната.

Од Општината упатуваат апел до граѓаните да пријавуваат гласна музика, и вознемирување во Полициската станица Центар, под чија надлежност е нарушување на јавниот ред и мир. 

Слично

Поврзани вести