Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казна од 500 евра за Артан груби за забавата во чест на Ахмети

Казна од 500 евра за Артан груби за забавата во чест на Ахмети

Изречена е уште една казна за роденденската забава организирана за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, јави ТВ Телма.

Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба. Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска потврди дека сите функционери на ДУИ кои го одбележаа роденденот на партискиот лидер Али Ахмети без носење заштитни маски во Министерството за политички систем добиле прекршочен платен налог.

Во јавноста имаше многу реакции и се бараше одговорност, односно законот да важи за сите. 

Слично

Поврзани вести