Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казна од 20.000 евра за незаконско флање отпад во Општина Аеродром

Казна од 20.000 евра за незаконско флање отпад во Општина Аеродром

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром.

-Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од општината.

Нагласуваат дека продолжуваат со засилени инспекциски контроли и оти нема да дозволат уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

-Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции, велат од локалната самоуправа.


Слично

Поврзани вести