Казна од 1.800 евра за искршено дрво: Град Скопје бара и нови 10 дрвја на истото место
Град Скопје ја казни со 1.800 евра фирмата која при сообраќаен инцидент вчера искрши едно дрво на булеварот Климент Охридски.
Екипи на Инспекторатот на град Скопје веднаш направиле увид на терен.
„Градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација. Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас, стои во објавата.
Слично
