КАЖЕТЕ ИМ, ЏАБЕ ИМ ВРТИ ЦЕНТРИФУГАТА: Министерот и Владата биле ДОЛЖНИ да ги усогласат постоечките документи за меѓународна и внатрешна употреба, вели Каракамишева
Откако две политички партии најавија и поднесоа кривична пријава за поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заради проблемите што произлегоа со промената на документите што беше обврска согласно Преспанскиот договор, се огласи и професорката Тања Каракамишева.
„ Релативизаторите пуштени на најјако во одбрана на Оливер Спасовски.
Кажете им џабе им врти "центрифугата".
Министерот и Владата биле ДОЛЖНИ согласно член 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија да ги усогласат "постоечките официјални документи за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата со амандман 33 најдоцна во рок од 5 години од влегувањето во сила на Амандман 33"!
Несовесно работење во служба е кривично дело!“, напиша таа.
Слично
