КАЖЕТЕ И НА КОЛЕГИЊИЦАВА... Апасиев: Лично и со зелен картон гласав за недела неработен ден
Димитар Апасиев, лидерот на Левица демантира дека не гласал за измените на Законот за работни односи со кој недела стана неработен ден. Вчера Лидија Тасевска од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласале за тоа.
„Не ја знам колегињицава-пратеничка со кружниве обетки, ама дај пренесете им на спинериве од СДС на Нашата Земја, дека не ги личи да шират лаги на пресови, кои лесно можат да се проверат и побијат. Лично и персонално, своерачно и со зелен картон, во Собранието на Република Македонија - гласав ЗА носење на измените во Законот за работни односи, со кој се фиксира недела за неработен ден, напиша Апасиев на фејсбук.
Тасевска вчер амеѓудругото рече и дека е исполнето уште едно ветување на СДСМ.
„Само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата ќе работат но за тоа овие работници ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час. Работниците се нашиот најголем човечки капитал.За жал при носењето на овие законски измени, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како и оние од Левица одлучија да не гласаат со што се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на граѓаните, остануваме посветени на заштита и унапредување на работничките права, кажа Тасевска.
Слично
