Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казандол падна, дали следен е и рудникот Иловица?

Казандол падна, дали следен е и рудникот Иловица?

Договорот за концесија на рудникот Казандол со Сардич МК веќе е раскинат од страна на Владата, а сега се презмени и првите чекор кон преиспитување на концесиската документација на концернот Еуромакс кој започна да го гради рудникот за злато Иловица во струмичкото село Штука. Секако, правната битка за раскинување на овој концесиски договор ќе биде доста тешка бидејќи можен е силен одговор од Еуромакс, како што тоа веќе го најавија од украински Сардич.

Едно од предизборните ветувања на премиерот Заев и на СДСМ беше дека целосно ќе се преиспита политиката на отворање на рудници на југоистокот на Македонија за кои постоеја силни протести од страна на граѓаните, како и на невладините движења за заштита на животната средина со многу грижи дека овие инвестиции ќе доведат до загрозување на здравјето на луѓето со можни хаварии и тешки последици за одгледувањето на органско земјоделие. 

„Владата  го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот Иловица, се бара комплетирање на документацијата. За оваа своја иницијатива Владата се повикува на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу другото, не се доставени доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.

Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да отпочне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата, по што ќе биде донесен соодветен заклучок“.

Рудникот за злато „Иловица“ беше најавуван како една од најголемите инвестиции во земјава вредна околу 500 милиони долари со тоа што концесијата за експлоатација на злато е над 20 години. Според проценките на економистите вредноста на рудникот според актуелните цени на златото изнесува околу 10 милијарди американски долари, додека пак државата од тоа ќе добие само 2% концесија од екстрадираната златна руда и останати минерали заедно со средствата вложени во плати и придонеси за луѓето кои ќе бидат вработени. 

Проектот во Иловица е еден од најамбициозните во градежна смисла со изградба на огромна брана за хидројаловиштето, а е од отворен вид со речиси целосно пресекување на планината Огражден и во непосредна близина на најплодното земјоделско земјиште каде се произведува огромен процент од храната во Струмичкото поле.

Слично

Поврзани вести