„КАЖАЛ ДЕКА ВО СРЦЕТО Е ВЛЕН“: Арсовска вели дека директорот на Комунална хигиена е пуштен од полициска станица
Градоначалничката на Скопје во заминување Данела Арсовска тврди дека директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен од полициска станица
„Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен, не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно. Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието. Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, вели Арсовска.
Претходно, обвинителството објави дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Полицијата го приведе директорот на Комунална хигиена - Скопје
Слично
