Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавракова: Мицкоски ја подели партијата на инфицирани и неинфицирани

Кавракова: Мицкоски ја подели партијата на инфицирани и неинфицирани

Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани, пишува во своето обраќање Марина Кавракова, Претседател на Градски комитет на Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ и член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

„Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки. Денес, од оние фамозни три столба кои сам си ги постави како услов за успех, не исполнува ниту еден од нив. Токму затоа е време за оставка и за свикување вонреден конгрес“, се вели во писменото соопштение.

Таа вели дека е долгогодишна членка и актуелна претседателка на Градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје. Додава дека на конгресот во 2017 година  му дале поддршка оти верувале во него. Велел дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да исполнува три основни столба: „да биде лик што ќе биде прифатен од сите граѓани, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница“.

„Со овие негови позиции тогаш се согласивме 376 делегати на Конгресот во Валандово, но и најголемиот број на членови на партијата. Наследи партиска структура што беше желна за работа и победа на следните парламентарни избори. Во нив се вбројувам и себе си, како член на тесното раководство на УЖ на ВМРО -ДПМНЕ, како и претседател на скопскиот Градски комитет на УЖ. Сите заедно работевме за победа на последните парламентарни избори. 

Слично

Поврзани вести