КАВАДАРЕЧКИОТ МОНСТРУМ ДОБИ ОБВИНЕНИЕ - силувал две деца под 14 години и ги снимал со мобилен
Монструм од Кавадарци кој силувал мали деца и притоа ги сликал со мобилен телефон, заработи обвинителен акт, а веќе му е продолжен и притворот.
Основното јавно обвинителство Кавадарци информира дека поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Од обвинителството соопштија дека обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон.
„Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице“, се вели во соопштението од Обвинителството.
