Кавадаречката обвинителка побарала целосна информација од полицијата за случајот поткуп на Ромите
Кавадаречката обвинителка побарала целосна информација од полицијата за случајот поткуп на Ромите, дознава Фактор од полициски извори.
Како што претходно објавивме од Кавадарци стигнаа информации дека се врши поткуп на ромското население.
Сите за кои се тврди дека делеле по 1.000 денари на Ромите се заклучени во општинската зграда во Кавадарци, потврди полицијата.
Полицијата интервенираше откако во текот на денот Ром од Кавадарци пријавил дека градоначалникот Александар Панов му нудел 1.000 денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на изборите во недела.
Во изјава за телевизијата Телма, Панов ги негираше ваквите обвинувања, притоа додавајќи дека опозицијата е таa што пушта гласини дека некој им делел пари на Ромите да гласаат за владејачката партија.
