Кавадарчанка верувала дека вложува пари во странска банка и ќе добие милион долари, измамата ја пријавила во полиција
Измамена е жена од Кавадарци, која верувала дека вложува пари во странска банка и ќе добие милион долари.
Во Полициската станица Кавадарци, вчера 40-годишна жена пријавила дека во периодот од 2019 до 2022 година едно лице ја довело во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари. Таа му дала пари на рака, а потоа и уплатила пари на сметка на банката. Во мај годинава си ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да ѝ ги вратат, не е реализиран. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Слично
