Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кавадарчанка осомничена за подведување и трудова експлоатација во случајот со штитеничката од домот „25 Мај“

Кавадарчанка осомничена за подведување и трудова експлоатација во случајот со штитеничката од домот „25 Мај“

Во потресната животна приказна на тринаесетгодишното девојче, штитеничка во домот „ 25 Мај“ почнуваат да се отвораат многу неправилности кои постоеле, а за кои многумина ќе треба да сносат одговорност. 

Триесет дена притвор за 42 годишната кавадарчанка која е осомоничена за подведување на малолетната штитеничка од домот „25 Мај“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвора истрага и предмет по допрен глас.

Четириесет и три годишната жена од Кавадарци се товари дека сторило кривично дело „тргивија со дете“ од чл.418 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

МВР претходно денеска соопшти дека поднело кривична пријава за трговија со дете 42-годишна кавадарчанка М.Д. во врска со случајот со штитеничката од „25-ти Мај.“ Според документираните сознанија утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И. да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест. Исто така покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи да питачи за неа. М.Д. била задржана во полициска станица во Кисела Вода, пишува Нова Македонија.


Слично

Поврзани вести