Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАВАДАРЧАНИ - ПРЕВРИВАЈТЕ ЈА ВОДАТА ПРЕД ДА ПИЕТЕ, нема доволно хлор

КАВАДАРЧАНИ - ПРЕВРИВАЈТЕ ЈА ВОДАТА ПРЕД ДА ПИЕТЕ, нема доволно хлор

Задолжително треба да се преврива пред употреба за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“, бидејќи  е заматена и нема присуство на резидуален хлор, јавува МИА. Дождовите ја заматија водата од регионалниот водовод Лукар, поради обилните  дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф, укажало одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци. 

„Денешните мерења на резидуален хлор во водата покажаа негово отсуство, а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното преторијатие да се зголеми дозирањето на хлор во хлораторната станица. Зедовме и дополнителни мостри од водата за пиење за анализа“, појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во кавадаречкото одделението за јавно здравје Кавадарци. 

Тој потсети дека од водата која се носи педесетина километри од планината, пијат 60-ина илјади жители од три општини во Тиквешијата. Кавадарци, Неготино и Росоман. Таа ќе мора да се преврива, се додека надлежните институции не кажат поинаку.

Слично

Поврзани вести