Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАВАДАРЧАНЕЦ КРАДЕЛ ВО КУЌИ, ВИКЕНДИЦИ, ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ: „Пленот“ вредел околу 466.000 денари

КАВАДАРЧАНЕЦ КРАДЕЛ ВО КУЌИ, ВИКЕНДИЦИ, ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ: „Пленот“ вредел  околу 466.000 денари

Кaвадарчанец крадел 11 пати за 4 месеци. 

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2024 година до јануари 2025 година, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети.

Се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари. На 16. јануари 2025 година, О.В. е уапсен, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, се пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела. 

Слично

Поврзани вести