Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Каузата за која излеговте е животобитна а не партиска“-Статус за учениците кои бојкотираа настава

„Каузата за која излеговте е животобитна а не партиска“-Статус за учениците кои бојкотираа настава

Лавина реакции во јавноста по заканите кои директорка на скопско школо им ги упати на учениците кои револтирани од загадениот воздух, овој петок решија да протестираат.

Со бојкотот на наставата тие му се приклучија на денешниот „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“ организиран од „Зелениот фронт“.

На социјалните мрежи реакциите беа најгласни. Најбројни беа оние кои ги поддржаа ученците а ја критикуваа директорката која набрзо во текот на денот беше разрешена од скопскиот градоначалник.

Во прилог со вас споделуваме статус од Фејсбук во кој поддршка добија учениците:

„Директорката на Карев им се закани и си замина....од директорската фотеља.
Браво деца, уште од средношколските протести се докажа дека иако пред полнолетство сепак сте многу понапред со годините. Но за жал многу луѓе меѓу кои и персонава што ви се закануваше за последиците (што и не е така мала закана ако подобро размисли човек) изгледа живеат во заблуда дека сте вие деца кои треба да се плашат од авторитети особено вакви кои силата ја покажуваат на многу грешно место. 

Претходниот пат ги заклучуваа во школо, пишуваа неоправдани, па се обидуваа преку нас родителите да влијаат и нас да не заплашат дека нема мојот син да заврши школо, ќе ги повторувале една година и слични смешки. Ние застанавме зад нашите деца, толку.

Каузата за која излеговте е народна, животобитна за сите од прв до последен а не партиска. Секогаш некој ќе става некого во некоја шема а тоа нека не ве плаши. Поддршката ја имате и тоа е битно.
Уште еднаш браво, продолжете така.- напиша на социјалните мрежи Денис Јанкуловски од невладината организација „Аутизам ААМК“ .

Слично

Поврзани вести