Катругалос: Ќе дојде и ред за ревидирање на имињата на улиците кај соседната земја
Утре (понеделник) ќе биде испратена вербална нота од Атина до Скопје, кое ќе биде информирано дека започна процесот на ратификација на Преспанскиот договор и протоколот за пристап на Северна Македонија кон НАТО, со кој се започнати нејзините обврски, рече заменик-министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос, во интервју за АНА-МПА. Тој, исто така, увери дека следната недела употребата на името Северна Македонија е задолжителна.
-Јасно е во Преспанскиот договор за ова. На сите меѓународни форуми, во сите меѓународни организации, во билатералните односи и во земјата, на пример, во сите нови документи, соседната земја ќе го практикува новото уставно име", објасни тој.
Додаде дека ќе има ревидирање на официјалните називи од македонската страна.
- И таму ќе има систематско планирање за целосна замена на стариот со новото име во постојните документи и каде што ќе се направат дополнителни конкретни материјални дејства, именување на улица, итн.
