КАТНИ ГАРАЖИ: Промашена инвестиција или вложувања за иднината?
Скопје последниве две години како никогаш досега се збогати со повеќе катни гаражи. Дел од нив се изградени и пуштени во употреба, а дел сеуште се градат. Некои од гаражите ги гради Град Скопје, дел се на општините, а има и такви изградени од приватни инвеститори. Речиси сите се лоцирани во центарот на градот, само една е во населбата Аеродром. Градежната експанзија на катни гаражи во централното градско подрачје надлежните ја правдаат, бидејќи на тој начин ќе се реши хаосот со паркирање во центарот на градот.
-Обезбедувањето паркинг-простор, беше и остана еден од најголемите приоритети како за локалната самоуправа, така и за Владата. Целта беше да се обезбеди јавен паркинг-простор за потребите на објектите во поблиското опкружување, како и за посетителите на централното градско подрачје. Владата на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите на локалната самоуправа и на Градот Скопје кои значат издигнување на Градот Скопје во вистинска метропола вреднувајќи ги сите придобивки на модерното време за граѓаните да имаат подобар, поудобен и побезбеден живот, изјави премиерот на Владата на Македонија, Никола Груевски на Денот на независноста кога и официјално се пушти во употреба катната гража кај поранешниот Цветен пазар, а која ја градеше Градот Скопје.
Според дел од архитектите катните гаражи ќе го решат проблемот со паркирањето, но уште повеќе ќе го задушат просторот во центарот на Скопје, а дополнителен проблем е тоа што скопјани сеуште немаат навика за паркирање во катни гаражи. Дел од архитектите урбанисти пак сметаат дека експанзијата на катни гаражи е начин да се оправда изградбата на новите објекти наменети за администрацијата во центарот на градот. Идеално решение за проблемот со паркирање според урбанистите е изградбата на подземни паркиралишта.
Гаражите зјаат празни, луѓето немаат навика или пари?
Досега во целиот град работат неколку катни гаражи како Зебра, Импексел (кај Универзална сала), Макоил, катната гаража во населбата Аеродром, катната гаража кај Судска палата, а неодaмна се отвори и катната гаража на улицата Свети Kирил и Методиј (поранешен Цветен пазар). Заедничко за сите нив, е тоа што слободни места за паркирање има на претек, гаражите зјаат празни.
- Веќе неколку месеци се паркирам тука во катната гража кај Судска палата. Цената за еден месец е од 1.000 до 800 денари во зависност од тоа на кој спрат сакате. Јас плаќам 800 денари, што за цел месец и не е така висока сума, секој ден паркирам оти во близина ми е работното место. Пополнетите паркинг места се бројат на прсти, а од друга страна надвор преполн е паркингот и тротоарите со паркирани возила, вели еден граѓанин.
Но зошто катните гражи се неатрактивни за скопјани, и покрај тоа што сите коментари на граѓаните се во насока на тоа дека во центарот на Скопје владее хаос со паркирањето. Дали е навистина проблем навиката или пак финансиите? Цената за паркирање во катните гаражи речиси (обично 30 денари за час) е иста како и на обичните паркинзи, дури и споредено со оние паркиралишта кои се во строг центар (со цена за паркирање и од 40 денари за час), поевтино е паркирањето во катните гаражи.
- Не се паркирам во катна гаража, едноставно немам навика, полесно и побрзо ќе излезам ако сум на обичен паркинг, во катните некако многу вртење има, од друга страна дел од нив се и многу скапи, а сите гледаме некаде за поевтино да се паркираме. Денеска во центарот нема паркирање за без пари, не остана ниту еден простор, а народот е сиромашен, за некого и 30 денари значат. Можеби со тек на време и ќе се навикнеме - вели жител на општина Центар.
Катните гаражи не можат да остварат профит ниту од деловните простории
Иако властите најавуваа дека целта на катните гаражи е да се растерети сообраќајниот метеж и да се реши проблемот со паркинг просторот, не се исклучуваше можноста и гаражите да остваруваат профит, особено бидејќи законот дозволува катните гаражи да функционираат како комбинирани објекти, со издавање и продажба на деловен простор. Веќе изградените Зебра и Импексел се катни гаражи кои повеќе се познати по комерцијалните содржини, отколку по паркирање.
Во повеќето од катните гаражи, покрај за основната намена - паркирање на возила, 15 отсто од просторот е наменет за деловни простории. Досега дел до инвеститорите немаа голем успех во издавањето на комерцијалниот простор. Така, на пример, поранешното раководство на Општина Центар, која ги градеше гаражите кај Судска палата неколку пати се обидуваше да ги продаде комплетно деловните простории, но безуспешно. Поранешниот градоначалник на оваа општина за изградбата на катната гаража кај Судска палата и гаражата кај Нова Македонија за кои пред локалните избори се удрија темели, се задолжи со кредит во висина од околу пет милиони евра.
Планот на тогашното раководство беше кредите да се исплаќаат од продажбата на билети за паркирање и од продажбата на деловниот простор. Но, неисплатливоста на објектите ја усложни финансиската состојба на општината. На истиот принцип, поранешното раководство на Центар планираше да го враќа и кредитот од 3 милиони евра земен за изградба на новата катна гаража кај „Нова Македонија“, чија изградба сеуште не почната, а сегашниот градоначалник Андреј Жерновски најави дека ја стопира изградбата на оваа катна гаража и дека нема да го подигне кредитот за оваа гаража. Од општината Центар велат дека на ваквиот чекор се одлучиле бидејќи се покажало дека инвестицијата тешко би се вратила од наплатата на билетите и продажбата на деловните простории.
Катна гаража кај Судска палата
Оваа катна гаража има капацитет за паркирање на 500 автомобили. Се простира на 20.000 метри квадратни. Инвестицијата за изградба е 5,6 милиони евра. За изградбата поранешното траководство на Центар се задолжи со кредит. Дневен билет чини 30 денари за еден час, а месечен од 800 до 1.000 денари. Гаражата работи од 7 часот наутро до 22 часот навечер. Под претпоставка во текот на денот да се зафатени сите паркинг места, заработката од едно паркинг место е 450 денари, а од сите (доколку се пополнети) дневно би била околу 3.600 евра или околу 109.000 евра месечно, а годишно 1,3 милиони евра. Ова значи дека инвестицијата би се вратила за нешто повеќе од четири години, но оваа пресметка е под претпоставка сите места за паркинг во текот на денот да се пополнети. Во моментов оваа катна гаража има едвај 10 проценти искористеност, а деловните простории стојат празни. Ако продолжи ваквата искористеност, инвестицијата би се вратила за фантастични 40 години. Од општината Центар велат дека инвестицијата за оваа катна гаража ќе се врати тешко, оти во текот на денот во оваа гаража се паркираат мал број на возила.
Катна гаража кај поранешен Цветен пазар
На почетокот на минатиот месец свечено беше пуштена во употреба катната гаража кај поранешниот Цветен пазар, чија инвестиција е вредна околу 12 милиони евра, со капацитет од 445 паркинг места. Дневниот билет и оваа катна гаража е 30 денари за еден час, но инвестицијата е повисока. Дневниот приход доколку сите паркинг места се пополнети (што не изгледа реално) би изнесувал околу 3.200 евра, месечно околу 97 илјади евра, додека на годишно ниво приходот само од дневни карти за паркинг би бил близу 1,2 милиони евра. Со приходите од дневни билети, во идеалнс пресметка, инвестицијата би се вратила за 12 години. И во оваа катна гаража еден дел е намент за деловни простории, кои неколку пати беа понудени на продажба.
Градот Скопје ја гради и катната гража кај полициската станица Беко, која исто така дел е наменета за деловни простории. Но и Градот имаше неколку неуспешни обиди за продажба на деловните простории во оваа катна гаража.
Според планот на Министерството за транспорт и врски во центарот кој беше објавен лани, во Скопје треба да никнат 8 катни гаражи, за кои како инвеститори се јавуваат Град Скопје, Јавното станбено претпријатие и општина Центар. Овие катни гаражи треба да обезбедат околу 3.000 паркинг места. Според проценките нивната вкупна вредност би изнесувала 30 милиони евра. Освен катната гражи на Општината Центар и Градот Скопје, Јавното станбено претпријатие гради три катни гаражи кај МЕПСО, Холидеј Ин и кај Меморијалниот центар на холокаустот. Каква ќе биде математиката кога најавените 8 катни гаражи работат истовремено, ќе се анализира допрва.
Ј.С

Слично