Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катната гаража „Разловечко востание“ пуштена во употреба

Катната гаража „Разловечко востание“ пуштена во употреба
Катната гаража „Разловечко востание“ обезбедува нови 500 паркинг места во најфреквентниот дел од Скопје. Денеска ја пуштија во употрева премиерот Никола Груевски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов. „Систематски го решаваме еден од најголемите проблеми кои го мачеа Скопје, а тоа е паркинг просторот и метежот по улиците. За тоа придонесуваат катните гаражи кои ги градиме, улиците и булеварите кои се проширија и изградија во овие неколку години, како и сите идни проекти кои ќе се реализираат во оваа насока“, рече Груевски на отворањето. Ова е трета по ред катна гаража која се пушта во центарот на Скопје, а неколку други се уште се во фаза на градба. Според Груевски, ваквите објекти придонесуваат Скопје да стане модерен и функционален град. Катната гаража „Разловечко востание“ е со вкупна површина од 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво со што ќе се обезбедат вкупно 516 паркинг места. Останатиот простор од 3.000 метри квадратни е наменет за деловен простор.
Слично

Поврзани вести