Катна гаража во Охрид со околу 200 места, инвестиција од 2 милиони евра
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека изградбата на катна гаража во Охрид е директен резултат на законските измени донесени на почетокот од мандатот, со кои се поедноставуваат процедурите за изградба на јавна инфраструктура.
- -Изградбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме, со што ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражи – објави Николоски.
Според најавите, инвестицијата изнесува околу 2 милиони евра, средства обезбедени преку владин проект за поддршка на општините. Планирано е објектот да има околу 200 паркинг места и да биде завршен до следната летна сезона.
Министерот најави дека поддршката за општината ќе продолжи и во наредниот период.
- -Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, во тек се и други проекти, и заедно со градоначалникот и неговиот тим ќе работиме на нивна реализација – посочи Николоски.
Слично
