Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Катимерини“: Скопје стигна до чешмата, но нема да се напие од водата

„Катимерини“: Скопје стигна до чешмата, но нема да се напие од водата

„Катимерини“ анализира дека официјално Скопје не делува загрижено што Киријакос Мицотакис од Нова Демократија наскоро доаѓа на власт во Грција и со тоа го губи „пријателот Алексис Ципрас“, пишува во денешното издание.

Весникот тврди дека верувањата на македонските политичари се дека и покрај несогласувањата со Преспанскиот договор, Мицотакис ќе остане верен на принципот на почитување на меѓународното право и меѓународните договори потпишани од земјата.

Шефот за надворешна политика на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, кој најверојатно ќе биде иден министер за надворешни работи за „Катимерини“ вели дека „НД ќе стори сé што е можно да ги ублажат негативните последици, како што е клучното прашање за името на македонските производи“

- Ќе ја исцрпиме секоја можност што ја имаме во фундаменталниот принцип на грчката надворешна политика, но во рамки на  почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори, вели Кумуцакос.

Весникот потсетува дека Грција не го губи правото на вето како полноправна членка на ЕУ во фазите на отворањето на поглавјата дури и откако Македонија би добила Датум за преговори летово или на есен.

„Во Скопје не изгледа дека се загрижени поради фактот дека тие, исто така, веруваат дека меѓународниот фактор, кој одигра одлучувачка улога во потпишувањето и ратификацијата на договорот, нема да дозволи какво било отстапување од Атина за негово спроведување. Можноста да се види во пракса позицијата на Нова демократија за договорот најверојатно ќе биде на самитот на ЕУ во јуни, каде што ќе се дискутира за отпочнување на преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија. Но дотогаш премиер ќе биде Ципрас, така што тие немаат причина да се грижат дека ќе се покренат некои некои прашања за "негативните последици" на договорот и поставување пречки во процесот на пристапување“, анализира „Катимерини“.

Весникот песимистички гледа на тоа дека оваа година Македонија ќе добие Датум.

„Се чини дека оваа година соседите, и покрај тоа што стигнаа до чешмата, нема да се напијат од водата, но сепак за прв пат Грција нема да биде одговорна за тао“, се вели во коментарот.


Слично

Поврзани вести