Катимерини се интересира дали Заев мислел на Македонци во Егејска Македонија?
Атина очекува поранешната југословенска Република Македонија целосно да го почитува „духот" на договорот за името што го потпиша со Грција минатото лето, откако премиерот Зоран Заев, рече дека Македонците во Грција ќе имаат право да учат на македонски јазик, пишува грчки Катимерини.
Oд весникот Катимерини испратиле прашања до владиниот портпарол Миле Бошњаковски - дали Заев навистина споменал „Македонци во Егејска Македонија“ и нивното право да учат на македонски и дали неговите коментари укажуваат на постоење на македонско малцинство во Грција. Бошњаковски, вели Катимерини, одговорил дека според Преспанскиот договор, јазикот на неговата земја спаѓа во групата јужнословенски јазици и дека ќе стане официјален јазик на Европската Унија кога Македонија ќе му се приклучи на блокот.
Бошњаковски рекол и дека нема членови во договорот што ја одредуваат употребата на јазикот во Македонија и Грција. Тој не одговорил дали Заев споменал „Егејски Македонци“, вели Катимерини.
