Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катимерини: ПЈРМ го прекрши договорот од 1995 година

Катимерини: ПЈРМ го прекрши договорот од 1995 година

Грција ја обвини Македонија дека го прекршила договорот од 1995 година, бидејќи ракометарките на македонската репрезентација под 17 години се појавија со носење на обележјата „Македонија“ на нивните дресови. 

Oва се случи на натпреварот закажан  во Скопје, пишува грчкиот весник Kатимерини.

„ПЈРМ може да се приклучи на меѓународни организации само под нејзиното привремено име. Уште еднаш сме сведоци дека ПЈРМ, по добивањето на членство во меѓународна организација, се обидува да го прекрши привремениот договор и да учествува под нејзиното уставно име”- пишува во изјавата на грчкото Министерство за надворешни работи.

Грција веќе ја прекрши привремената спогодба со тоа што стави вето на интеграциите на Македонија во НАТО за време на самитот во Букурешт. Таква пресуда донесе Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2011 година откако Македонија поднесе тужба против Грција во ноември 2008. година, неколку месеци откако земјата беше блокирана на самитот на НАТО во Букурешт.

На скопско Кале, пред три дена грчката ракометна асоцијација ја повлече својата репрезентација од европскиот шампионат во знак на протест поради тоа што стручниот штаб на македонските кадетки носеше маички на кои беше напишано уставното име на земјата. По 32 секунди на терен, грчката репрезентација се повлече и ракометната репрезентација на Македонија го доби натпреварот со 10:0. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исклучи грчката ракометна репрезентација од турнирот и ја казни со 25.000 евра.

Слично

Поврзани вести