„Катимерини“ откри детали што била подготвена Македонија да прифати во 2008 година
Грчкиот весник „Катимерини” пишува дека уште во 2008 година Скопје било подготвено да го прифати името Република Северна Македонија, ако тоа значело признавање на македонскиот јазик и националност. Весникот пренесува информации на американската амбасада во Скопје, објавени од Викиликс.
Доверливата белешка под наслов „Што им треба на Македонците за да го решат спорот за името” од 29 јули 2008 година била испратена од тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, посочува „Катимерини“.
„Познато е дека Груевски не сакаше решение за спорот со името. Со цел да се потсмеваат на меѓународните играчи, тој се преправаше дека е принуден да прифати компромис. Никој не му веруваше. Освен, господинот Мицотакис“- рече Коѕијас во соопштение до печатот по објвувањето на податоците.
Тој рече дека податоците на Викиликс покажуваат дека Скопје сака да го користи своето уставно име „Македонија“ без какви било модификатори за домашна употреба – услов што и Нова Демократија го прифатила.
Грчки „Катимерини“ додава дека откако биле објавени податоците, актуелниот грчки министер за надворешни рабти, Никос Коѕијас ги возвратил ударите на опозициската Нова Демократија.
фото Катимерини
