Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катимерини: Договорот за името ќе игра клучна улога во 2019 година

Катимерини: Договорот за името ќе игра клучна улога во 2019 година


Во анализата за очекувањата во 2019-та, грчки Катимерини денес пишува дека договорот за името со Македонија ќе игра главна улога на политичката сцена оваа година кај јужниот сосед, пред парламентарните избори, промената на законот за минимална плата и ревизијата на односите на државата со Грчката православна црква.

„Зоран Заев и другите меѓународни играчи му оставаат простор на премиерот Алексис Ципрас да се ратификува договорот во грчкиот парламент на датум кој најмногу му одговара на него и за гласањето за протокол со кој ќе се укинат приговорите на Грција за кандидатурата на Македонија за влез во НАТО.

Како и да е, извори на Катимерини откриваат дека најверојатно сценарио е тоа дека Ципрас ќе го испрати Договорот од Преспа во парламентот релативно брзо - до крајот на јануари или почетокот на февруари. Истите извори, исто така, велат дека нема да има развлекување со гласањето што ќе овозможи БЈРМ да влезе во НАТО, така што Грција ќе се придржува до духот на договорот. Покрај тоа, Ципрас ќе може да ги потврди своите меѓународни признанија како лидер кој се држи до своите обврски.

Ципрас е уверен дека може да собере 151 гласови потребни за неговата ратификација во парламентот. Покрај тоа, лидерот на помалиот владин коалиционен партнер Панос Каменос вети дека нема да го поддржи предлогот за недоверба што Неа Демократија планира да ја спроведе против владата на Ципрас во врска со договорот за името“, пишува Катимерини.

Македонското Собрание се очекува да го ратификува договорот најдоцна до 15 јануари, што значи дека потоа топката се префрла во дворот на грчките пратеници.



Слично

Поврзани вести