Катимерини: Дендијас бил незадоволен од договорот за соработка помеѓу Скопје и Анкара
„Катимерини“ денеска објави дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас при неговата вчерашна посета на Скопје го истакнал незадоволството на Атина од неодамна потпишаниот договор за воено-финансиска соработка со Турција.
На 17 август во Истанбул беше потпишан петгодишен Договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација- зад кои стојат владите на двете држави.
Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност.
„Според добро упатени извори на „Катимерини“, г-дин Дендијас на своите соговорници им забележа за неодамнешниот договор за одбрана на Скопје со Анкара и загриженоста на Атина за тоа. Од страната на Северна Македонија, беше забележано дека договорот со Турција е формален, без посебен аспект и главно се однесува на образованието во наредните години. Тие, исто така, истакнаа дека Северна Македонија секогаш ги зема предвид грчките чувствителни околности во односите со Турција“, се вели во коментарот на весникот.
