Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

Kaко што пишува грчкиот весник Катимерини, Атина го чека следниот потег на Скопје. 

„Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе доколку Скопје инсистира да не го почитува Договорот од Преспа“, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, пренесува Катимерини.
Тој додаде дека засега „нема намера да се активира каква било прекршочна постапка“.
Toj претходно за Радио 98,9 изјави дека Договорот од Преспа „е меѓународен договор, кој е ратификуван, и не може да се менува или ревидира еднострано“.
На инаугурацијата, претседателката Гордана Силјановска Давкова ја испушти „Северна“ што ги налути Грците кои се заканија со вето. 

Слично

Поврзани вести