Катица Јанева во ризична категорија на граѓани
Денешното рочиште за случајот „Рекет“ е одложено затоа што судот констатираше дека обвинетата Катица Јанева влегува во ризичната категорија на граѓани под опасност од корона вирусот, со што таа не дојде на судењето.
Со барањето на адвокатите на поранешната специјална обвинителка - Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев се согласи судијката Васка Николовска - Масевска, а можно е да се одложи и следното рочиште в четврток доколку така побара одбраната на Јанева, објави А1он.
Инаку по предлог на
Јанева на следното рочиште треба да сведочат 13 поранешни обвинители од СЈО, меѓу
кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски,
Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.
Слично
