Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева: ВМРО-ДПМНЕ не може да ме смени со персонално решение

Катица Јанева: ВМРО-ДПМНЕ не може да ме смени со персонално решение

Катица Јанева, главната специјална обвинителка, денеска за новинарите истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да ја промени од чепото на СЈО со персонално решение. Таа смета дека заслужува да биде прв човек на ова обвинителство.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, е политичко и разрешувањето што го поставува како услов за договор „ниту држи вода, ниту е на местото и нема оснава“.

- Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон - тече Јанева.
Таа потсети дека мандатот и завршува на 15 септември и дека со договорот на владата и опозицијата претпоставката е дека ќе треба да има реизбор и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител.


Слично

Поврзани вести