Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева уште не поднела писмена оставка

Катица Јанева уште не поднела писмена оставка

Иако најави оставка, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не доставила оставка до советот на јавни обвинители. 

Оставката не може да се констатира само врз основа на нејзината усна изјава.

На 15 јули објави дека поднела оставка на функцијата, истиот ден кога беа приведени Бојан Јовановски и Зоран Милески за случајот „Рекет“, за кој лицата се товарат дека изнудувале рекет од бизнисмени. 

Вториот телефон на Јанева за кој се тврдеше дека го изгубила во белград, беше пронајден и вештачен, но тој претходно бил форматиран и во него не е најдено ништо. Јанева се бранеше на одржаната прес-конференција дека приведените, но и други лица го злоупотребувале нејзиното име. 

Слично

Поврзани вести