Катица Јанева: Судот да реагира за заканите кон Фетаи и Бубевски
Главна обвинителка на СЈО, Катица Јанева, го повика судот да реагира соодветно на заканите од адвокатот на пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, кон обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во случајот „Титаник“..
Обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи во четвртокот тврдеше во судница дека кон неа и за обвинителот Гаврил Бубевски имало сериозни закани од адвокатот на обвинетиот пратеник на ДУИ Ејуп Алими.
Јанева во интервју за Код на Телма вели дека знаела за тоа, а смета дека заканите дошле затоа што судот не преземал доволно мерки кон потезите кои ги влечеле обвинетите за изборни нерегуларности.
- Цело време имаше сигнали дека не е во ред воспоставен редот во судницата. Одговорноста е на судот. Не може адвокат да се одважи да нападнбе вербално надвор од судница, а остро го осудувам судот атоа што не ги зема предвид тие закани. Тоа треба да се провери дали е точно или не 0 вели Јанева.
Оља Ристова, судијката која го води случајот вели дека до Судот не е пријавена закана.
