Катица Јанева со тим од СЈО денес ја истражува УБК
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тим од СЈО вршат истрага во просториите на УБК, неофицијално пренесува порталот Сакам да кажам.
Според првичните информации Јанева е видена во кругот на МВР каде се наоѓа седиштето на Управата за безбедност и контраразувнавања, а наводно имале обезбедено и судска наредба за извршување на истражни дејства. Утре СЈО на прес за јавноста ќе открие две нови истраги кои ги води и досегашните резултати од нив.
Слично
