Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева: Побарав поддршка од Христијан Мицкоски

Катица Јанева: Побарав поддршка од Христијан Мицкоски

Главната специјална обвинителка Катица Јанева денеска по потпишувањето на меморандум во Владата објави дека се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и побарала од него да го поддржи новото законско решение со кое СЈО ќе ја продолжи својата дејност за случаи со криминал кај јавните функционери во кои при тоа нема да се користат прислушкувани материјали како индиции.

Според Јанева, иницијативата за средба била на Мицкоски, а таа го замолила да го поддржи законот за специјалното јавно обвинителство. Негираше дека имало какви било уцени и закани. Рече дека е задоволна од новото законско решение, кое помина на владина седница, а во Собранието треба да биде изгласано со двотретинско мнозинство.

„Сѐ е можно, може некој да се спаси. Може и некој плус да биде обвинет. Ние сме во суштина задоволни што ни се проширува надлежноста, не сме ограничени само на бомбите. Сега може во одредени предистраги да отвориме многу покрупни предмети од овие што ги имаме“, кажа Јанева,



Слично

Поврзани вести