Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева oднесена во Кривичен суд

Катица Јанева oднесена во Кривичен суд

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева со придружба од полицијата попладнево го напушти својот дом во Козле и се упати кон Кривичниот суд. 

Таа ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.

Јанева е приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и е одземен компјутерот. Потоа Јанева повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е извршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Таа во случајот „Рекет“ се сомничи дека ја злоупотребила службената положба. За овој случај во притвор веќе се Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец. 

Слично

Поврзани вести