Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева оди во Шутка, доби 30 дена притвор

Катица Јанева оди во Шутка, доби 30 дена притвор

Судија на претходна постапка на специјалната обвинителка, Катица Јанева ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот „Рекет”. Таа во случајот е третоосомничена. 

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот на СЈО,  „Империја”.

Веќе втор месец за истиот предмет во притвор се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец. 

Слично

Поврзани вести