Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катица Јанева: Немаме ништо заедничко со „Диво Насеље“

Катица Јанева: Немаме ништо заедничко со „Диво Насеље“

Иако имаме податоци за тоа како настапиле настаните во Куманово, не можевме да најдеме телефонски разговори за да утврдиме надлежност за случајот, рече специјалниот обвинител Катица Јанева, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со „Диво Насеље“ во Куманово.

- Има некои индиции за тоа што и како се случувале кумановските настани, но сепак Специјалното јавно обвинителство нема најдено разговори за да може да воспостави надлежност врз тој предмет. Се уште се работи предистрагата но многу е тешко да се каже дали воопшто ќе има случај - рече Јанева пред новинарите.

Јанева додаде дека добивањето на случајот од редовното јавно обвинителство се уште е неизвесно во моментот.


Слично

Поврзани вести