Катица Јанева: На банкарската сметка добивав само плата
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на денешното рочиште за случајот „Рекет“ на кое се презентираа материјални докази, ја приложи својата банкарска сметка за која тврди дека на истата ја добивала само својата плата и еден надоместок од Владата за учество во телото за правосудни реформи.
Според обвинетата, таа немала други приходи на сметката, а на увид го достави и анкетниот лист во периодот од 2015 до 2019 година. Нејзината одбрана тврди дека таа немала промена во имотната состојба за овој период.
Судењето продолжи без присуство на јавноста на барање на адвокатите на Јанева поради докази поврзани со случајот „Империја“ во кој осомничен е бизнисменот Орце Камчев, а предметот е се уште во истрага.
Слично
