КАТИЦА ЈАНЕВА ГО АЖУРИРАШЕ СВОЈОТ ПРОФИЛ - новина е што се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар
Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, која ја издржува казната затвор, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.
Како што јавноста памети, своевремено Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на Борјан Јовановски или Боки 13.
Инаку, во 2021 година Борјан Јовановски беше осуден на девет години затвор за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, а Јанева на седум години за злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка.
Јанева ја издржува казната во КПУ Идризово, а пред извесен период се појавија информации дека била вработена како библиотекарка во затворската библиотека.
Од нејзиниот фејсбук профил се гледа дека пред два дена го прославила својот роденден со нејзините внучиња.
Слично
