Катица Јанева ги чешла тендерите на Клиничката болница во Битола
Обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во Клиничката болница во Битола пренесуваат дел од медиумите.
Како што се пишува тимот на Катица Јанева ги челша тендерите во здравството а директорот на болницата, Василе Најдовски ги потврди овие тврдења.
„Обвинители на СЈО дојдоа во билницата да приберат документација за дел од тендерите распишани од Министерството за здравство. Ги пречекавме, разменивме телефони и им помогнавме за сè што им треба“, вели Најдовски за „Мета“ демантирајќи ги информациите дека управата на болницата неколку часа не ги примала обвинителите и вели дека напротив се било коректно.
СЈО поради тајноста на истражните и предистражни постапки не даде никави информации околу ова прашање.
